Search

Филипче: Мојата толеранција има граница, ќе поднесам тужба против Стоилковски

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека размислува да поднесе тужба против портпаролот на ВМРО–ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој го обвинува дека користејќи ја функцијата се стекнал со огромен имот на Водно и дека доделува милионски тендери на фирми блиски до негови роднини.

„ВМРО-ДПМНЕ го помина мојот голем праг на толеранција, ќе разгледам да поднесам тужба“, рече министерот Филипче.

Тој вчера првпат јавно пороговри за обвинувањата од ВМРО–ДПМНЕ и ги оцени како калсични лажни вести.

Стоилковски, пак и денеска одржа прес конференција со нови обвинувања за министерот.

-Документите кои што се јавно достапни јасно укажуваат дека само со хибриден режим е можно семејство на министер, директор на државна Клиника и приватна фирма која што инкасира речиси 8 милиони евра од министерството можат заедно да имаат имот и да градат 5 касарни на Водно и за тоа ниту една државна институција да не реагира, рече Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави