Search

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника меѓу граѓаните, напиша на Твитер, Министерот за здравство, Венко Филипче.„Се чудам со каква леснотија Христијан Мицкоски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести, ако претседателот на најголема опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните“, напиша Филипче. Министерот им порача на луѓето да бидат спокојни и дека има доволно тестови.

Треба да знаете
Последни објави