Search

Филипче: Мерките кои се предлагаат имитираат полициски час

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека е против воведување полициски час и измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои утре ќе се најдат пред пратениците, се во насока на избегнување на таа мерка. Но, со самото тоа што по 23 часот ништо нема да работи во државата, е практично имитирање на полициски час, вели министерот Филипче.

-Верувам дека утре Законот ќе се донесе во Парламентот, се со цел да избегнеме полициски час. И тоа се мерки кои практично имитираат полициски час. По 23 часот ништо нема да работи и граѓаните нема кај да одат. Сега и времето не е убаво, па би требало сите да седат дома, вели Филипче.

Тој апелира да се излегува само ако навистина некој има потреба.

-Целта е да се избегне групирањето. Целата е да се носат маски. Сметам дека во овој период полициски час не е решение. Доволно е да се почитуваат мерките за заштита и оние мерки кои утре ќе бидат изгласани во Парламентот. Генерално препораката е да се избегнува воведување на полициски час. И на состанокот кој го имавме преку Берлинскиот процес со сите земји во регионот, беше порачано да нема такво ограничување. А пакет на мерки кои можат да имитираат полициски час, се речиси секаде во сила, нагласи Филипче.

Треба да знаете
Последни објави