Search

Филипче: „Македонија лек” е застапник на вакцини од други производители, а не на „Глаксо Смит Клајн”

Тендерската постапка за набавка на вакцини е отворена и во неа може да учествува секој, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали компанијата „Македонија лек”, која е една од фирмите која конкурирала на тендерот и дали постои можност повторно да го добие, имајќи предвид дека е под истрага на Обвинителството, рече дека таа компанија веќе не ги претставува вакцините на „Глаксо Смит Клајн” и дека е застапник на некои други вакцини кои претходно ги носела од други производители.

Во врска со тоа што понатаму со компанијата, посочи дека не би сакал да коментира додека не заврши истрагата на Основното јавно обвинителството.

На прашање пред настанот посветен на потребата од развивање интегрирани услуги за здравствена и долгорочна нега, што се одржа во организација на Европскиот центар за социјална политика и истражување, за тоа какви санкции се преземени кон здравствените установи кои примиле дел од МРП вакцините со погрешни декларации, појасни дека имал разговори со сите директори на здравствените домови и ќе бидат преземени чекори откако ќе заврши процесот во Основното јавно обвинителство.

Во врска со тоа дали МВР има побарано дека им е потребна некаква документација, Филипче рече дека вчера стигнала информација дека им се потребни документи од Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави