Search

Филипче: Клиниката за пластична хирургија е целосно реновирана, досега се подобрени условите во 32 јавно-здравствени установи

Министерот за здравство Венко Филипче во денешното соопштение до медиумите информира дека Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија е целосно реновирана. Комплетно е обновен хируршкиот инструментариум, апаратурата за електро хирургија, неуростимулација и друга специфична апаратура.

Третманот на пациентите и квалитетот на услугата, како што вели тој, е подигнат на високо ниво согласно највисоката медицинска пракса. Со ова, исполнети се сите услови за спречување на интрахоспитални инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација.

-Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи. Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е една од тие институции, каде менаџерскиот тим веднаш почна со реновирање и овозможување подобар третман за пациентите. За многу краток период направивме вистински пресврт во јавното здравство. Како никогаш досега инвестиравме во инфраструктура, нова медицинска опрема и вложување во човечкиот капитал. Вакво зголемување на платите како сега немало никогаш во земјава. Горд сум што здравствените работници се мотивирани за работа. Само преку зголемување на платите и подобрување на условите за работа можеме да ги задржиме во нашата земја, изјави министерот Филипче.

Треба да знаете
Последни објави