Search

Филипче и Камчев биле кај Боки дома да разговараат за бизнис

Јас ташната ти ја дадов на тебе, Кичеец ја изнесе од кај мене, а каде е сега не знам, кај твоите родители ваљда,  му одговори Камчев  на Боки кој по паузата продолжи да го испрашува сведокот.

За разлика од првото рочиште, Боки 13 денеска не го придржуваат полицајци и изгледа подобро па и порасположен за расправа.

-Дали свесно ме наведуваше да именувам политичари за да ги компромитираш, а денеска ги браниш? праша Боки, на што сведокот рече дека тој бил оној што вклучувал интерфон, шерувал фотографии.

Што правеше во мојот дом меѓу 15 и 20 март, дали ми понуди бизнис и кој беше таму?праша Боки.

-Ме викна ти, да, таму беше Венко Филипче, ми понудивте некоја работа но ве одбив, одговори Камчев иако првично одби да одговори со констатација деке не е релевантно.

Обвинетиот праша дали со снимките го уценувал премиерот Зоран Заев, но судот не дозволи такво прашање.

Далу Наташа Савова има улога во дистрибуција на снимените материјали  праша Боки но Камчев негираше.

Треба да знаете
Последни објави