Search

Филипче: Здравствениот систем е во подготовка за вакцинација против COVID-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, на Facebook напиша дека здравствениот систем е во подготовка за вакцинација против COVID-19, а препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници и вработените во полицијата и армијата.

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме. Вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти. Делот на прием, чувањето на вакцините, дистрибуцијата до местата каде ќе бидат аплицирани веќе планот е во завршна фаза, но во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа би изгледало. Препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите.

Треба да знаете
Последни објави