Search

Филипче: За две недели нова мерка против ковид 19

За две недели, ќе се воведе и нова мерка против коронавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека таа ќе биде наменета за влез во затворени простории како што се угостителските објекти.

Следниот понеделник во Влада ќе се разговара за воведување на мерката во затворените места да може да се влезе само со сертификат за примени две дози вакцини.

– Во однос на дополнителната мерка, ќе дискутираме во штабот во Владата, следната недела. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ќе оставиме една-две недели дополнителни, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави