Search

Филипче: Затварање на субјекти до 23 часот, 50% патници во јавен превоз и целосна забрана на настани

Целосна забрана за настани, работа на субејкти до 23 часот, 50% патници во јавен превоз – овие мерки следуваат ако состојбата се влоши. Оваа состојба во која моментално се наоѓаме ја очекувавме, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

По утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести биле донесени и нови рестриктини мерки кои ќе се активираат доколку во следниот период состојбата се влоши. А мерките се: Целосна забрана за организирање на настани, Скратување на работното време на сите економски субјекти до 23 часот, Во јавниот превоз капацитетот да биде исполнет до 50%Следната недела во Собрание треба да бидат направени измените на законот за полиција, по што на Влада ќе може да биде изгласан претходниот пакет мерки кои беа изминатата недела беа донесени.Задолжително носење на маска на отворено, Забрането групирање по 22 часот на отворено, На гости во вашиот куќа/стан максимум четири гости.

Според Филипче, сериозен процент од новозаразените едноставно не можат или не знаат да кажат каде се заразиле и во таа смисла таргетираме места каде што има групирање. Целта е да се носат маски, да се избегне групирање, сметаме дека со новите предлог-мерки влијаеме на повеќе фактори, на повеќе места да се намали ризикот од трансмисија на вирусот.

Рече дека во однос на капацитетите на болниците целосно е подготвена модуларната болница, таму се уште нема примено пациенти, но веќе се пристигнати лекарите и медицинските сестри од другите клиники.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува воведување на полициски час, рече дека во моментов не се разгледува тоа прашање, но оти за во идниот период сите мерки стојат на располагање.

– Ние како Комисија не сме ги исцрпиле сите мерки што може да му ги предложиме на министерот. Во ниту една Европска дружава нема полициски час, освен во Франција. Дали во перспектива тоа може да се направи? Ние во моментов не размислуваме, меѓутоа епидемиолошки сме на идеја, доколку ништо од ова не се почитува, што ни останува понатаму, рече Караџовски.

Тој нагласи дека е факт оти мерките не се почитувале, посочувајќи дека во следните денови ќе се следи бројот на позитивни случаи со цел да бидат предложени нови мерки.

Треба да знаете
Последни објави