Search

Филипче: Епидемијата е во стабилна фаза, а поголемиот дел од новозаразените се од познати кластери

Дел од граѓаните ги почитуваат а дел не ги почитуваат мерките за самозаштита кои се препорачуваат, а тоа се носењето на маска, задолжително одржување на физичката дистанца. Секогаш кога разговаравме за мерките со комисијата за заразни болести тргнувавме од медицинската наука, што треба да се направи, да се имплементира, а со тоа да се спречи ширењето на вирусот. За ова е пандемија никој во светот ниту се спремал ниту имал претстава како ќе изгледа и како треба да одговараат здравствените системи, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“.

На почетокот ги имплементиравме рестриктивните мерки за да се спречи комуникацијата меѓу луѓето да се спречи ширењето на вирусот тогашните анализи укажуваат дека кривата оди во нагорен правец и сега кога се стабилизира ситуацијата попуштањето треба да оди со пакет на мерки со укинување на полициски час со отворање на угостителски објекти.

-Се уште има активни случаи во Бугарија, Србија, Албанија и Грција. Во стабилна фаза на епидемијата сме. Многу од дијагностицирани се дел од веќе познати кластери што ни дава за право дека епидемијата е под контрола заедно со сите други капацитети, слободно болнички легли итн. Покажавме спремност, мора да се научиме да живееме со вирусот, се додека не се открие вакцината која не се очекува да биде до крајот на оваа година,  порача Филипче.

Треба да знаете
Последни објави