Search

Филипче: Докторите специјалисти земаат 111.377 денари плата, а медицинските сестри, со висока стручна спрема, 50.376 денари

Министерот Венко Филипче сподели неколку графикони на фејсбук, на кои според него се гледа како растеле платите на вработените во здравството.

Изминатите години силно инвестиравме во нашиот кадар. Токму здравствените работници се столб на здравствениот систем – луѓето кои овозможуваат грижа и нега за сите граѓани. Го вративме нивното достоинство, ги покачивме платите и им овозможивме подобри услови за работа.

-докторите специјалисти сега земаат 111.377 денари бруто плата
-наставниот кадар – 122.810 денари
-докторите на медицина – 58.991 денари
-медицинските сестри со висока стручна спрема – 50.376 денари, а медицинските сестри со средна стручна спрема 38.182 денари, напиша Филипче.

Треба да знаете
Последни објави