Search

Филипче: Градинките ќе започнат со работа на почетокот на јуни, а отворањето на границите се очекува кон средината на јули

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јули.

–Во ниту еден момент ниту една мерка во целиот овој изминат период не беше дизајнирана или препорачана или донесена, а притоа фактор на одлучување да биле изборите. Се евалуираат исклучиво факторите кои ги спомнав. Сметам дека границите треба да се отворат на синхронизиран начин со околните држави. Во моментов гледаме зголемување на бројот на заразени во Србија, Босна и други држави. Направивме процес на соработка и размена на мислења со Грција и ние мора координирано да настапиме. Прво е битно дали ќе се бараат тестови кога граѓаните ќе започнат масовно да патуваат, односно како ќе се поминуваат границите, каков би бил третманот доколку некој заболи и сл. Верувам дека можеме да очекуваме отворање на границите некаде кон средината на јуни, вели Филипче.

Треба да знаете
Последни објави