Search

Филипче го замоли Агатангел да го повлече повикот до верниците да одат масовно во црква за задушница

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека повикот на епископот на Повардарската епархија, Агатангел верниците масовно да дојдат во црквите за Задушница е спротивен на се она што го прават здравствените власти за спречување на ширењето на заразата на коронавирус. Тој побара од епископот да го повлече повикот за да не дојде до загрозување на здравјето на граѓаните.

-Го повикувам епископот да го повлече повикот, тој е спротивен на сѐ она што го правиме и спротивно на уредбите на Владата. Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму, кажа Филипче на промоцијата на 20 респираторни машини од донација од Европската Унија.

Повардарската Епархија на МПЦ-ОА денеска ги повика верниците од црквите во велешко, кавадаречко, неготинско и гевгелиско, масовно да ги посетат храмовите за Задушница и да носат со себе варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

Треба да знаете
Последни објави