Search

Филипче ги посети повредените во несреќата, седуммина се во критична состојба

Министерот за здравство Венко Филипче утрово ги посети повредените во вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.

Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

,,Ангажирани се сите ресурси и правиме сé за да ги спасиме животите на тешко повредените. Со повеќе информации ќе излеземе во текот на денешниот ден”, соопшти Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави