Search

Филипче во посета на гостиварската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со заменик-министерот Асим Муса денеска го посетија Здравствен дом Гостивар и се сретнаа со директорот д-р Сунај Мазлами и вработените, каде беа информирани за активностите кои се во тек, со цел подобрување на условите за третман на пациентите и унапредување на статусот на здравствените работници во оваа јавна здравствена установа.

Здравствениот Дом во Гостивар е една од 34 јавно-здравствени установи во државата за кои во моментов има постапка за преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) за подобрување на условите, односно реновирање на здравствените установи.

„Во последниве две години реализирани се 7 вработувања во овој здравствен дом, што претставува значително кадровско зајакнување, набавени се две возила за службите, како и стоматолошки столови. Во овој период повеќе од 136.948 пациенти побарале услуги од оваа здравствена установа.

Од страна на вработените беа поздравени измените во однос на зголемување на платите на здравствените работници. Во септември 2018 година платите беа зголеми за 5%, како и 5-процентно зголемување на платите на медицински сестри и 10% на докторите специјалисти во јануари 2019 година“, соопшти Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави