Search

Филиповски: Спортски стипендии за младите и осум фитнес зони во Аеродром

Аеродром ќе добие нови спортски игралишта по населбите и осум фитнес зони, со што уште повеќе ќе се поттикне физичката активност кај сите граѓани. Дополнително, ќе биде обезбедена поголема поддршка за кошаркарскиот клуб „МЗТ“, со цел негово враќање во „АБА“ 1 лигата.

Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром денеска учествуваше на Меморијалниот турнир во кошарка во спомен на Филип Неделковски, кој беше организиран од Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) во Аеродром.

Филиповски со младите зборуваше и за програмските решенија од областа на спортот. Во претстојните четири години се планираат и нови трим и вело – патеки, два затворени базени за пливање, како и затворен скејт – парк.

-Аеродромци ја сакаат кошарката, го сакаат спортот. Затоа ќе вложуваме во истиот. Особен акцент ќе ставиме и на младинските категории на клубовите во Аеродром, како и на младите таленти по основните училишта. Нив ќе ги поддржиме со спортски стипендии. Вложувајќи во младите, вложуваме во сигурна спортска иднина и нови успеси, како на клубски, така и на репрезентативен план, рече Филиповски.

Општината ќе иницира и воведување на програма „Спорт за развој“ по воспитно – образовните установи. Во оваа програма учествуваат сите ученици, и тие со типичен, но и тие со атипичен развој. Паралелно учениците преку спортот се учат и на вредности, како да бидат поодговорни граѓани во заедницата, да бидат толерантни и да ги прифаќаат различностите.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата, заедно со советниците и викендов продолжуваат со средбите со граѓани, со цел презентирање на изборната програма.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави