Search

Филиповски: Повеќе култура во Аеродром и поддршка на домашната сцена

„Општина Аеродром ќе ја зголеми културната понуда на локално ниво. Во програмата предвидуваме организација на општински културен фестивал, кој ќе прерасне во традиција на локалната самоуправа. Фокусот ќе биде ставен на ангажирање на домашни артисти, талентирани млади и искусни културни работници. Затоа што домашната културна сцена мора повеќе да ја вреднуваме“, изјави Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром.

Филиповски истакна дека ќе се работи и со учениците од основните училишта. Односно, ќе се овозможи поврзување на драмските секции со професионалните театри. На овој начин, општината ќе овозможи развој на талентот кај младите луѓе, но и можност театрите да ги мапираат идните наши културни работници.

Општина Аеродром прераснува во инклузивна заедница, во која се работи за задоволување на потребите на сите граѓани.

  • Нема да ги заборавиме и лицата со попреченост. Планираме културни содржини кои ќе бидат достапни и прилагодени и за нив, и овие лица ќе бидат вклучени во истите, рече кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата.

Филиповски во денешната изјава за медиуми вети продолжува на поддршката за фестивалот „Гола месечина“, како препознатлив културен „белег“ на Аеродром.

Сите културни активности и настани ќе бидат организирани на јавни простори, платоа и маалски паркови. На овој начин се придонесува кон поттикнување на маалскиот соживот и повеќе содржини за социјализаците на сите граѓани.

  • На 17 – ти октомври со заокружување на бројот 12 за градоначалник на Аеродром и градот Скопје, како и за советничките листи, гласаме за повеќе култура на локално ниво, урбан, маалски живот и дружба за сите генерации, заврши Филиповски.

 

Треба да знаете
Последни објави