Search

Филиповски: Нова гимназија, сензорни соби и подобри услови во образованието во Аеродром

Аеродром во претстојните четири години ќе добие нова гимназија. Ова е заеднички проект со градот Скопје. Дополнително, ќе се зголемат капацитетите на ООУ „Блаже Конески“, со цел подобри услови за следење на воспитно – образовниот процес. За овие теми и други прашања од образованието вечерва зборуваа Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром и Мила Царовска, потпретседателка на СДСМ на средба со просветните работници.

Филиповски презентираше повеќе мерки од својата програма. Имајќи предвид дека локалната самоуправа е примарно задолжено за инфраструктурата во предучилишното и основното образование, кандидатот за градоначалник посочи дека основните училишта ќе добијат и сензорни соби за учениците со попреченост.

Токму тоа е инклузивен пристап. Да се обезбедат еднакви услови за настава и престој на секој еден ученик. И овој начин на работа, ќе можете да го гледате и во сите други области од локалното живеење, кажа Александар Филиповски.

Дополнително ќе се опремуваат училиштата и со „смарт“ табли и училишни помагала кои ќе обезбедат поквалитетна и интерактивна настава. СДСМ предвидува и посебна поддршка за наставниот кадар и стручните служби. Основната цел е доследно пренесување на материјалот, но и работа со децата, комуникација со нив која ќе ги мотивира да се чувствуваат независно, да бидат креативни и посветени.

Потпретседателката на СДСМ Царовска, исто така се осврна на политиките во областа на образованието. Кабинетите по природни науки, на голем дел од училиштата во државата за прв пат добија современа опрема за работа. Сега овие простори се во целосна функција и учениците имаат можност практично да учат, да се насочат и полесно да се одлучат за средно образование.

Присутните просветни работници ги пренесоа и своите забелешки, идеи и искуства за подобар образовен процес.

Треба да знаете
Последни објави