Search

Филиповски: Гласот за 12 значи интензивен развој на Долно и Горно Лисиче

Граѓаните од Долно и Горно Лисиче ќе добијат поддршка – субвенции за замена на старите и нееколошки начини за греење. Со ова ќе придонесеме и за помало аерозагадување. Исто така, планираме изградба на вело – патека, од Долно до Горно Лисиче, изјави Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром.

Филиповски се осврна на главните проекти планирани во двете населени места:

Во Долно Лисиче предвидено е уредување на паркинг – просторот околу црковниот двор, реконструкција на ул. „2“, решавање на проблемот со водоводната мрежа на ул. „12“, расчистување на дивите депонии, нова хоризонтална и вертикална сигнализација (пешачки премини, лежечки полицајци);

За Горно Лисиче претстои проширување на мостот на Маркова река, реконструкција на училиштето „Гоце Делчев“ и обнова на спортската сала, реконструкција и изградба на пешачки патеки, обнова на спортското игралиште, како и изградба на детско игралиште.

Во двете населени места интензивно ќе се работи на повисока јавна хигиена, раззеленување на јавниот простор и поставување на нова урбана опрема (клупи за седење, корпи за отпадоци, јавно осветлување).

Александар Филиповски деновиве остварува повеќе средби со граѓаните од Долно и Горно Лисиче. Тој ги повикува во недела да гласаат за бројот 12, за интензивен развој на овие места.

-Ветувам дека нема да ве разочарам! Ќе се гледаме и за убави, но и за неубави работи, комунални проблеми, инфраструктурни предизвици и слично… Свесен сум дека работите нема преку ноќ да се променат, но знам дека преку искрена комуникација, теренска работа и посветеност може да успееме, посочи кандидатот на СДСМ и коалицијата.

Треба да знаете
Последни објави