Search

Филипа Штрахе негира дека го напуштила својот сопруг

Сопругата на поранешниот вицеканцелар и лидер на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Хајнц Кристијан Штрахе, чија политичка кариера доживеа крах поради видео запис од пред две години на Ибица, денеска негираше дека го напуштила својот сопруг.

На спорната снимка се гледа како Штрахе на роднина на руски милијардер и ветува државни работи, а за возврат бара финансиска помош за неговата партија.

Медиумите шпекулираа дека бракот на Филипа и Хајнц Кристијан Штрахе е во криза поради снимката од Ибица и пишуваа дека таа го напуштила семејниот дом и се преселила кај своето семејството.

Филипа, во изјавата за весникот „Хојте”, изјави дека сите тие гласини се неточни.

-Последната недела беше како возење на тобоган. Прво сте само патник и полека повторно се кревате на нозе. Сега е долг патот до вистината, вели таа.

Таа негира дека со синот се преселила кај мајка си.

-Се уште живеам со синот и со сопругот, изјави таа.

Треба да знаете
Последни објави