Search

ФИБА ја стави Србија пред САД во пресрет на мундобаскетот

Кошаркарската репрезентација на Србија според рејтинг-листата која ја направи ФИБА се најде на водечката позиција во пресрет на мундобаскетот кој ќе се одржи во Кина. Селекцијата на северниот сосед се најде пред составот на САД во кој недостасуваат голем број НБА-ѕвезди. Светското првенство ќе се одржи од 31 август до 15 септември.

-Да се победи Грција со Јанис Антетокумпо во составот, најкорисниот играч во НБА и тоа пред 18.000  домашни навивачи, тогаш заслужуваш да бидеш број еден – се вели во објаснувањето од ФИБА, зошто Србија ја сместила на првото место пред стартот на мундобаскетот.

Избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ ја совладаа Грција на „Акрополис Купот“ во Атина, иако ги немаа во составот Јокиќ и Теодосиќ.

На листата со најдобрите десет според ФИБА ја сочинуваат: Србија, САД,  Шпанија, Франција, Грција, Литванија, Аргентина, Русија, Австралија и Бразил.

Треба да знаете
Последни објави