Search

ФИБА ја казни Болоња со 250.000 долари

Екипата на Виртус Болоња е казнета со 250.000 долари за намерата да направи трансфер од Лигата на шампиони на ФИБА во Еврокупот на ривалската кошаркарска организација ЕЦА под чија капа е Евролигата.

По финансиските проблеми во кои западна, италијанскиот клуб реши да атакува на „А” лиценца што ќе му овозможи настап во елитната Евролига, а тоа воопшто не е по мерка на челниците на ФИБА кои во таквата амбиција на некогашниот европски првак гледаат „предавство”.

Со изречената казна, ФИБА упати предупредување и до останатите клубови за третманот што би го добиле доколку се решат да одат по стапките на Виртус Болоња.

Треба да знаете
Последни објави