Search

ФИБА му се заканува со нова казна на Работнички поради неисплатени долгови

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички може да добие нова забрана за ангажирање на странски играчи. Ова е епилогот по тужбата на менаџерот Акос Вегвари пред арбитражниот суд на ФИБА попознат како БАТ.

Судот пресуди во корист на Вегвари кој во 2017 година посредувал за ангажманот на американскиот кошаркар Маркус Гинјард, но не бил во целост исплатен од старана на Работнички.

Тимот од Скопје сега ќе мора да плати 6.350 долари за провизија на Вегвари и камата од 5% како и дополнителни пенали, а ќе мора да ги покрие и трошоците за адвокатите на Вергари. Предвидена е и глоба од 3.000 евра за покривање на такстата кон арбитражата на ФИБА.

Треба да знаете
Последни објави