Search

ФЗО: Надминат техничкиот проблем, нормално функционира издавањето лекови на рецепт

Фондот за здравствено осигурување соопшти дека поради технички проблем со довод на електрична струја, односно неисправност на електричен кабел денеска осигурениците, матичните лекари и фармацевтите се соочиле со потешкотии и имале проблем при издавање на лекови на рецепт на товар на Фондот.

Проблемот, како што посочија од Фондот, е надминат и системот функционира нормално.

Од Фондот им се извинуваат на осигурениците за потешкотиите со кои се соочиле денеска.

Треба да знаете
Последни објави