Search

Фејсбук блокира проект на РТ со над 2,5 милијарди прегледи

Фејсбук го блокираше „Ин д нау”, еден од најгледаните видео канали на руската државна телевизија РТ, поранешна „Раша Тудеј”, која емитува програма на англиски јазик.

– Ова е еден од најуспешните проекти на нашата телевизија со милијарди прегледи и тој е блокиран на Фејсбујк, напиша на својот Телеграм канал главната уредничка на РТ, Маргарита Симоњан.

Видео каналот „Ин д нау'” работи на принципот на вирално ширење со помош на веб-страници и социјални мрежи за споделување на видео-снимки. Видео каналот најмногу се пренесува на Фејсбук и комбинира забавно-смешни моменти со сериозна политичка пропаганда и пристрасност во полза на Москва.

Според Симоњан, Фејсбук налозите на проектот биле блокирани откако Си-Ен-Ен побарал од социјалната мрежа да дознае дали проектот, финансиран од Русија, не е „пројава на руската замешаност во САД”.

Симоњан нагласи дека од социјалната мрежа не испратиле никакво барање или предупредувања до телевизијата за својата одлука.

Видео проектот е во реализација на водителката и новинарка на РТ, Аниса Науеј. Според телевизијата, видео прилозите на „Ин д нау” досега имале 2.5 милијарди прегледи. Се прецизира дека проектот бил блокиран, бидејќи ги прикривал „врските со Кремљ”.

– И Си-Ен-Ен пишува дека ова е без преседан, дека Фејсбук нема право да открива кој плаќа за видео проектите. Многу држави финансираат вирално видео (на пример на „Ал Џезира”), но нивите налози не се бришат, оцени РТ.

Треба да знаете
Последни објави