Search

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална мрежа во светот соопшти дека пописите на контактите од електронските пошти „ненамерно“ биле преместени на „Фејсбук“, по промена на дизајнот, кој го извршиле пред речиси две години. Компанијата тврди дека почнала процес на бришење на собраните контакти.

Од компанијата објасниле дека проблемот настанал пред три години, кога го промениле начинот на креирање корисничкиот профил на социјалната мрежа. Пред тие промени, корисниците имале можност за креирање попис на контактите од е-поштата за време на отворањето на профилот, за полесно да пронајдат пријатели кои веќе се на „Фејсбук“.

Во 2016 година „Фејсбук“ ја отстрани опцијата која објаснува дека пописот на контакти на корисниците може да се пренесе на таа социјална мрежа, за време на отворање на корисничкиот профил. Поради тоа, во некои случаи, пописите на контакти од електронската пошта се пренеле на „Фејсбук“ без знаење или дозвола од корисниците.

Треба да знаете
Последни објави