Search

Фејзулаи планирал да нападне црква

Исламскиот терорист Кујтим Фејзулај, по потекло од Челопек, кој на 2 ноември изврши вооружен напад во Виена и уби четири и рани повеќе од 20 лица, исто така, планирал напад врз црква, беше објавено на прес-конференција.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека терористот имал намера да бара жртви и во црквите, пред полицијата да го убие.

Пример на терористот му бил нападот врз црквата Нотр Дам во Ница на крајот на октомври, во кој била убиена една жена. Нехамер објави дека сега, заради наодите од истрагата, се зајакнува надзорот над црквите и другите верски објекти.

Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руг најави дека отсега верските објекти ќе се следат прикриено и јавно.

Обвинителството пред неколку дена побара да се продолжи притворот за десетмина приведени, познаници на Фејзулаи, а кои директно не се поврзуваат со крвавиот напад.

Треба да знаете
Последни објави