Search

Фетел: Ќе ми недостасува Ф1, ми беше задоволство

Четирикратниот светски првак Себастијан Фетел изјави оти ќе му недостасува Формула 1, откако по вчерашната завршна трка сезонава во Абу Даби, германскиот возач официјално ја заврши кариерата.

-Има поважни работи од возењето во круг. Но, тоа го сакаме. Ви благодарам на поддршката. Секако дека ќе ми недостасувате. Ми беше задоволство, порача возачот на Астон Мартин.

На завршната трка во Абу Даби победи светскиот првак Макс Ферстапен (Ред Бул), додека Фетел освои еден бод.

Германскиот возач во Ф1 оствари 53 победи и 122 пласмани на подиумот

Треба да знаете
Последни објави