Search

Фетел сè уште не знае дали ќе ја продолжи кариерата во Формула 1

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел сè уште не го решил големото прашање во врска со неговата кариера во Формула 1. Четирикратниот светски шампион станува слободен агент на крајот на сезоната кога истекува неговиот договор, а Скудерија објави дека нема да продолжат со него.

– Сè уште немам одговор за мојата иднина. Би ве известил ако има нешто, но во оваа фаза нема ништо ново. Само треба да бидам трпелив и да чекам. Може да трае две недели или повеќе, времето ќе каже. Нема промена во ситуацијата во однос на почетокот на месецот. Не брзам затоа што сакам да бидам апсолутно сигурен дека го правам вистинскиот избор. Јас сум во состојба да постигнам многу со вистинскиот автомобил, сето тоа ќе зависи од опциите. Физички се чувствувам исто како пред десет години, прокоментира Фетел.

Тимот на Ферари се наоѓа во тешка криза од почетокот на сезоната, која започна на почетокот на јули по скоро четиримесечно одложување поради пандемијата „Ковид-19″. Фетел собра само 9 поени од првите три старта во кампањата, а еднаш не успеа да заврши откако беше удрен од неговиот тимски колега, Шарл Леклер.

Треба да знаете
Последни објави