Search

Фетел: Разликата со Мерцедес е поголема од очекуваното

Себастијан Фетел не успеа да го сокрие разочарувањето од големата разлика со болидите на Мерцедес на Луис Хамилтон и Валтери Ботас за време на квалификациите за ГП на Австралија.

– Честитки за Луис. Не беше најдобар ден за нас. Автомобилот беше во ред, денес очекував подобар резултат. Разликата е поголема од очекуваното, но допрва следи трката. Оваа патека е многу посебна. Се надевав дека позициите ќе бидат обратно во наша корист, изјави Фетел.

Тој сепак смета дека Скудерија може да победат на утрешната трка.

– Никогаш не знаеш што ќе се случи. Минатата година имавме среќа. Победата е за оној кој ќе помине прв под карираното знаме. Мерцедес е фаворит, но ние сме тука за да се натпреваруваме, додаде Германецот.

Треба да знаете
Последни објави