Search

Фетаи и Бубевски да продолжат да го застапуваат обвинението за „Монструм“

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски да продолжат да го застапуваат обвинението за случајот „Монструм“, бараат родителите на убиените момчиња. Нивното барање доаѓа по барањето на Јанева предметите на СЈО да ги преземе ОЈО. На денешното рочиште за случајот „Монструм“, таткото на убиеното момче Александар Наќевски рече дека не сакаат други обвинители, туку Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски да продолжат да го застапуваат обвинението.

Пред почетокот, судијата Огнен Ставрев рече дека проблемите со СЈО него не го интересираат и дека во предметот „Монструм“ се уште обвинители се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Ставрев им кажа дека јавниот обвинител наскоро ќе одлучи и ќе се знае. Следното рочиште е закажано за 18 септември 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави