Search

Фетаи бара притвор за Ибраими и за Мијалков

По изрекување на пресудата за обвинетите во „Титаник 2“, обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи побара судот да им одреди притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин Ибраими до правосилноста на пресудата според која двајцата добија затворски казни. Судот му одреди 4,6 години затвор на Ибраими, а три години затвор за Мијалков.

-Заедничко е дека постои опасност од бегство. Дека станува збор за повеќе обвинети за секои од нив давам поединечен предлог за конкретна мерка која е и соодветна мерка со која може да се очекува правично спроведување на законот. За Мендух Тачи, кој доби 3,2 години затвор, како и Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска кои добија по три години затвор,  да се јавуваат повремено во судот. Обвинетиот Ибраими не го почитува СЈО и судот и имаме основа да мислиме дека нема да ја почитува нити пресудата и поради тоа обвинет кој покажуваше толкав степен на непочитување  може да се очекува бегство. И од тие причини сметам дека единствен механизам кој нудди негова гаранција е притвор и предлагам притвор. И за Мијалков бараме притвор. Околности кои укажуваат за опасност од бегство постоеа и во Основниот и во Апелациониот суд. Сега во ситуација кога против него не се водат само постапки за кривични дела туку имаме и конкретна пресуда, таа опасност од бегство се зголемува и поради тоа мора да се спречи таа опасност, а тоа е мерката притвор. Иако тој коректно се однесуваше во судот и е за пофалба, сепак претходните околности постојат и е во куќен притвор. За случајот „Империја“ обвинетите се пуштени на слобода,и ппоради тие причини предлагам притвор за Мијалков, рече Фетаи.

Даниела Вељановска

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави