Search

Фетаи: Апелација да ја отфрли жалбата на Мијалков за притвор како целосно неоснована

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи побара од судиите во Апелационит суд жалбата на Сашо Мијалков за укинување на притворот, но и на сите останати осудени во случајот „Титаник 2“ да бидат целосно отфрлени како неосновани.
-Oдбраната тврди дека Судот погрешно и нецелосно ја образложил мерката. Морам да напоменам дека одбраната користи терминологија што новиот ЗКП не познава. Апсурдни се нападите на одбраната. Обвинителство нема потреба да докажува дека против обвинетиот Мијалков се вoдат други постапки за кои се одредени мерки, што е општо познато, изјави Фетаи.
Посочи дека пред Апелацискиот суд веќе биле изнесени и прифатени како основани причините што обвинетиот има имот во Чешка и поради функцијата што ја извршувал и контакти за постоење на опасност од бегство.
– Од овие причини предлагам жалбата да биде во целост одбиена, истакна Фатиме.
Според Законот за СЈО, како што посочи,  јасно е дека постои исклучива надлежност на СЈО по предмети кои произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите и тоа се однесува на сите судови на територија на нашата земја.
-Докажување на надлежноста на обвинителот во судството не постои. Постои само судир на надлежности. Без посериозен правнички напор може да се заклучи дека СЈО за сите предмети за кои постојат т.н. бомби има исклучива надлежност да постапува, истакна Фатиме.
Треба да знаете
Последни објави