Search

Фестивал за обнова на Домот на културата во Ченто

Еднодневен културно-едукативен фестивал ќе се одржи в недела, 19 мај, со почеток во 10 и 30 часот, во населбата Ченто, со цел да покрене иницијатива за обнова на напуштенот Дом на културата во оваа населба.

Населбата Ченто порано имаше прекрасен дом на културата што го посетуваа илјадници луѓе низ годините. На површина од цели 2800 метри квадратни, бина од 85м2 и сала со 328 седишта, овој простор биеше како културно срце на населбата. На огромна штета на илјадници граѓани на Скопје, веќе 25 години Домот на културата е мрачно, руинирано, неупотребливо место.

„По примерот на многу европски метрополи, на Скопје и на другите градови низ Македонија, потребна им е стратегија за решавање на сложениот проблем со руинираните објекти, во чии просторни капацитети може да се направи соодветна интервенција и да се оспособат за нова функционална програма, според потребите на граѓаните“, велат од  Здружението Културно Ехо кое е организатор на настанот.

Локацијата е паркот Методија Андонов Ченто кој се наоѓа помеѓу булеварите Ченто и Маџари. До местото може да се стигне со автобусите 23, 45 и 65. Доколку не ви е позната оваа област, предлагаме да ја погледнете точната локација ОВДЕ.

ПРОГРАМА:

од 10:30 до 12:30 – ЕКО АКЦИЈА за расчистување на внатрешноста на руинираниот Дом на култура 11 Октомври Ченто и симболично метење на театарската сцена.

13:00 – Парк Методија Адонов Ченто
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА:
Како од напуштен објект до мултифункционален и самоодржлив културно-едукативен простор, надвор од центарот на градот?
(учесниците ќе бидат објавени наскоро)

МУЗИЧКА ПРОГРАМА-Парк Методија Адонов Ченто
15:00- Drums & Percussion Дамјан Грујо
16:00 – Man In a Suit – Куманово
17:30 – DJ сет на Ненад Стефановски од Foolish Green – Скопје

Во склоп на музичката програма ќе се одржи работилница за перкусија за сите заинтересирани.

Настанот е бесплатен и е поддржан од Град Скопје и Општина Гази Баба.

Треба да знаете
Последни објави