Search

Фестивалот „Здраво млади” на 27 август во МКЦ

По повод десетoто јубилејно издание на скопскиот летен фестивал „Здраво млади”, на 27 август во паркот на Младинскиот културен центар ќе се одржи 12-часовно забавување со најновото од алтернативната музичка сцена.

Како што соопшти МКЦ, на фестивалот е најавено гостување на Efterklang, Lalalar, Viagra Boys, Shopping..Третиот најавен бенд се Viagra Boys од Шведска.

-Будно ја следиме целата ситуација со коронавирусот, но оптимизмот за јубилејниот „Здраво млади” преовладува! За ова десетто јубилејно издание на фестивалот досега се најавени: данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, свежата психоделија од Истанбул – Lalalar. Со своите ретро-филмски бас-линии, електронски ритмови, расклопени вокали, флертувачки гитари и внимателно ископани примероци од наследството на Анадолија, бендот евоцира идна носталгија, соопшти МКЦ.

Фестивалот е поддржан од Europe House Skopje.

Early bird билетите, како што се наведува во соопштението, се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.

Треба да знаете
Последни објави