Search

Фернандеш: Време беше Роналдо да биде изведувач на пеналот

Манчестер Јунајтед го победи Арсенал со 3-2 во дербито на 14. коло во англиската фудбалска Премиер лигата. Херој на „црвените ѓаволи“ беше искусниот португалски интеранционалец Кристијано Роналдо кој постигна два гола во 52 и 70 минута со што ја мина бројката од 800 постигнати голови во својата кариерата. Вториот гол Роналдо го постигна од пенал, откако неговиот сонародник Бруно Фернандеш кој важи за прв изведувач на пеналите во  Мначестер јунајтед се повлече и таа улога му ја довери на поискусниот соиграч.

-Време беше Кристијано да го изведе пеналот, бидејќи не го реализирав последниот казнен удар за Манчестер јунајтед. Не е важно кој ќе го изведе пеналот – рече Бруно кој го искоментира и најновото достигнување на Кристијано.

-Неверојатно. Сите знаеме дека тој се подобрува од натпревар во натпревар, од година во година. Тој сака да продолжи да биде најдобар и тоа е она што го направи. Тој знае како да се самомотивира -истакна Португалецот кој воедно не заборави да го поздрави Мајкл Керик, но и да порача дека со нетрпение очекува да работи под водство на новиот менаџер Ралф Рангник.

Треба да знаете
Последни објави