Search

Фернандеш двапати шутираше од белата точка за да му донесе три бода на Манчестер јунајтед

Англискиот фудбалски прмиерлигаш Манчестер јунајтед тешко дојде до трите бода од дуелот со ВБА во 9. коло, бидејќи на Бруно Фернандеш му беше потребно двапати да шутира од белата точка за да го постигне победничкиот гол за минимален триумф (1:0). Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“  имаше повеќе шанси, но погоди само еднаш и тоа од повторен пенал. На почетокот од првото полувреме беше досуден пенал за ВБА, но по прегледувањето на ВАР-технологијата одлуката беше преиначена.

Во 55. минута Манчестер јунајтед доби пенал, Фернандеш не реализираше, но голманот на ВБА не газеше на линијата, па Португалецот доби шанса  да се корегира и во вториот обид ја искористи шансата да го постигне победничкиот гол.

ВБА имаше шанса да изедначи преку Робинсон, но ја погоди пречката од голот на Де Хеа.

 

Треба да знаете
Последни објави