Search

Ферибот со десетици луѓе се преврте во Ирак, најмалку 45 загинати

Ферибот со десетици патници се преврте во Ирак, при што загинаа најмалку 45лица, изјави за “Спутник” извор во локалните служби за итни случаи.

Изворот наведува дека несреќата била предизвикана од преоптоварување на фериботот и од порастот на нивото на водата во реката Тигат поради испуштање отпадни води.

„Туристичкиоит ферибот „Ал-Џазира“ се преврте во реонот на Ал-Габат во Мосул. На него имаше десетици граѓани, повеќето од нив беа родители и деца”, рече изворот.

Според претходните извештаи, бројот на загинати беше 17. Повеќе од 30 патници биле спасени.

Треба да знаете
Последни објави