Search

Фергусон: Забавува епидемијата во Велика Британија, наскоро се очекуваат и тестови за антитела

Епидемијата на новиот коронавирус во Велика Британија покажува знаци на забавување, а тестовите на антитела може да бидат подготвени за неколку денови, изјави денеска професорот по математичка биологија на Империјал колеџот Нил Фергусон.

-Сметаме дека во овој момент епидемијата во земјата забавува, рече Фергусон за радио Би-Би-Си.

Според него, третина или дури и 40 отсто од граѓаните немаат никакви симптоми, а само два отсто граѓани се заразени.

Фегусон додаде дека и тестовите на антитела се во завршна фаза на проценка и дека можат да бидат подготвени за употреба за неколку дена.

Треба да знаете
Последни објави