Search

Ферги на прошетка во Лос Анџелес го крие стомакот со рака

Ферги, поранешната пејачка на групата „Black Eyed Peas“, е снимена во друштво на нејзиниот син и пријателката на ручек во Лос Анџелес. Инаку витката 44-годишна пејачка го открила своето стомаче поттикнувајќи озборувања дека е бремена. Таа изгледала многу среќна и цело време го криела стомакот со рака.

Инаку, Ферги изминативе две години се разведува од својот сопруг, актерот Џош Духамел (46). Двајцата сè уште се во брак на хартија затоа што немаат обезбедено целосна документација.Според странските медиуми, пејачката дури во јуни годинава поднела службено барање за развод, но Џош не одговорил и така започнале проблемите.

Судот неодамна ѝ се „заканил“ на двојката дека ќе останат во брак доколку не ги предадат сите потребни документи до средината на октомври. Врската ја започнале во 2004 година, а во 2007 година се венчале и имаат син Аксл (6).

Главната причина за разводот е, наводно, неговата желба за проширување на семејството, што пејачката целосно го игнорирала затоа што главна переокупација ѝ била нејзината кариера.

Треба да знаете
Последни објави