Search

Ферги знае кој ќе биде шампион во Премиер лигата

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон смета дека Ливерпул ќе биде шампион оваа сезона во Премиер лигата.

 

Ливерпул веќе долго време ја очекува титулата во Премиер лигата, а оваа сезона до крајот избраниците на Клоп ќе се борат со Манчестер Сити за тронот во Англија.

Клубот од „Енфилд“ има два бода повеќе од Сити, но и натпревар повеќе, а исто така може да се каже дека има полесен распоред, додека Сити ќе мора да се соочи со Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Поранешниот фудбалер Џонатан Волтерс, открил дека фудбалерот на Барнли, Фил Бардсли кој разговарал со Сер Алекс Фергусон, му рекол дека Ливерпул оваа сезона ќе биде шампион во Англија.

„Сер Алекс рекол дека Ливерпул ќе биде шампион затоа што Јунајтед ќе го сопре Сити“, открил Бардсли.

Треба да знаете
Последни објави