Search

Ферари со подобрувања на болидот за ГП на Азербејџан

Ферари подготвува некои подобрувања во својот болид за претстојното Гран при на Азербејџан.

Ова ќе биде првата надградба која тимот ја прави за време на сезоната, за да го намали заостатокот зад возачите на Мерцедес. Најдобар резултат на италијанскиот тим по првите три круга за 2019 година е третото место, а причината – мешавина од проблеми во поставувањата, несигурност и грешки.

За споредба, Мерцедес ги зазеде првите две места во секоја од трките во новата сезона и води со 57 поени во рангирањето кај конструкторите.

По слабиот старт на сезоната, филозофијата на Ферари во однос на аеродинамиката беше доведена во прашање, заедно со недостатокот на надворешни надградби, какви што се гледаат во Мерцедес.

– Првите три трки дефинитивно не се одвиваа како сакавме. Претстојното Гран При е многу важно за нас. Се подготвивме многу добро, ги анализиравме податоците кои ги собравме досега, ги проучивме областите во кои можеме да постигнеме напредок, прокоментира шефот на Ферари, Матија Биното.

Промените што Ферари ќе ги претстави во Баку се резултат на работата на инженерите пред почетокот на сезоната.

Треба да знаете
Последни објави