Search

Феномен кој не смее да се пропушти: Идната недела најдолго помрачување на Месечината

Ноќта меѓу петок и сабота, на 27/28 јули ќе има помрачувањето на Месечината, феномен кој ќе предизвика најдолго помрачување во 21 век, тврдат научниците. Истовремено, Марс ќе изгледа посветло од вообичаеното, бидејќи тогаш ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години.

 

Помрачувањето кое ќе трае еден час и 43 минути ќе се случи на 27 јули. Сите фази на помрачувањето ќе бидат видливи од областите на Индискиот Океан, Индија, Источна Африка, Арабискиот Полуостров и подрачјето ка Карипското Море.

„Тоа е одлично! Тоа е навистина убава и ретка прилика да го видиме помрачувањето на Месечината покрај Марс на ноќното небо. Ќе имаме два објекти кои сјаат за фотографирање“, изјави астроном.

Причина за долгото помрачување е што Месечината ќе се најде на една од најоддалечените точки од Земјата, што значи дека неговата сенка ќе биде поголема отколку во текот на вообичаените помрачувања.

Духовните учители исто така советуваат дека Крвавата месечина е исклучително посебна, бидејќи поседува огромна енергија.

Треба да знаете
Последни објави