Search

Феноменот Заев

Зоран Заев успеа да ги оствари најзначајните стратегиски цели и државни интереси за неполни три години и покрај болните компромиси и отстапки. Се работи за „луда“ храброст и вродена прагматичност, пишува Ерол Ризаов во својата колумна за Дојче Веле.

„Зоран Заев е најатипичниот македонски политичар и најнеобичен премиер кој се појавил на македонската политичка сцена од независноста до денес. Заев, не припаѓа на редот македонски политички лидери на левицата, ни малку не е налик на Киро Глигоров, на Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска… Ја нема нивната внимателност и одмереност во јавните настапи и изјави, ја нема нивната претпазливост и страв од последиците на избрзани и погрешни проценки и одлуки, типична за социјалдемократите: трипати мери, еднаш сечи, па колку и да е времето скапо и пропуштен одлучувачки фактор. Дури и неговата социјалдемократска идеологија во добар дел е под знак прашање. Заев го нема интелектуалниот капацитет не само на наброените погоре партиски лидери, туку и на повеќе десетици министри, универзитетски професори, идеолози на социјалдемократите кои во изминатите 29 години беа во владите и во бројните институции на челни  позиции во клучни ресори, многумина од нив одамна заборавени, пишува меѓудругото Ризаов во колумната.

Треба да знаете
Последни објави