Search

Федерер си обезбеди место во полуфиналето на турнирот од сериите „Мастерс” во Мајами

Федерер продолжува да дели лекции во Мајами

Трикратниот шампион, Роџер Федерер си обезбеди место во полуфиналето на турнирот од сериите „Мастерс” во Мајами по лесна победа со 6:0, 6:4 над Кевин Андерсон.

Шестиот носител беше целосно беспомошен против Швајцарецот, кој покажа одличен тенис и веќе има биланс од 6 успеси и само 1 пораз во нивните директни дуели.

Федерер ќе игра по 7-ми пат во полуфиналето во Мајами. Тој стигнувал до оваа фаза во „Мастерс” турнирите вкупно 65 пати и има 27 титули. Во меч за место во финалето 37-годишниот маестро ќе се соочи со канадскиот талент Денис Шповалов.

– Секогаш уживам да играм против младите момчиња на турнејата. Со Шаповалов само сум тренирал. Се сеќавам дека ме импресионира како сервира и колку силно ја удира топката, изјави Федерер.

Во другото полуфинале ќе играат Џон Иснер и 18-годишниот квалификант Феликс-Оже Алиасим.

Треба да знаете
Последни објави