Search

Федерер се намачи да стаса до 100. победа на Австралија опен

Роџер Федерер одигра неизвесен меч против домашниот играч на првиот сезонски гренд-слем тениски турнир Австралија опен со Џон Милман кој го доби со 3-2 во сетови. Ова беше јубилејна 100. победа за Федерер на Австралија опен.

Милман одлично го почна мечот и го доби првиот сет со 6-4, во следниот се играше тајбрејк кој со убедливи 7-2 му припадна на Федерер за изедначување во сетови на 1-1. Федерер го доби и следниот сет, овој пат со 6-4 и поведе со 2-1, со истиот резултат Милман го доби четвртиот сет и изедначи на 2-2. Вистинската драма се случуваше во петтиот решавачки сет. При 1-1, Милман зема сервис на Федерер и поведе со 2-1, но искусниот Швајцарец веднаш направи рибрејк и го врати балансот во сетот. До крајот двајцата ги добија своите сервиси и победникот се решаваше во супер тајбрејк. Во супер тајбрејкот кој се игра до 10, Милман имаше предност од 8-4, но Федерер доби дури шест поени по ред и победи со 10-8.

Треба да знаете
Последни објави