Search

Федерер поради операција на коленото нема да игра до јуни

Третиот светски тениски рекет, 38-годишниот Роџер Федерер изјави дека бил подложен на операција на десното колено, поради што ќе биде надвор од терените околу четири месеци.

– Ме мачеше веќе некое време. Се надевав дека болката ќе замине, но по прегледот и консултацијата со тимот, решив да се подложам на артроскопска операција што беше направена вчера во Швајцарија. По неа, лекарите потврдија дека ова е вистинската одлука. Тие се сигурни во целосно закрепнување, напиша Федерер на социјалните мрежи.

Федерер ќе ги пропушти турнирите во Дубаи, Индијан Велс, Мајами, Ролан Гарос, како и ревијалниот меч во Богота. За ова време, тој ќе изгуби 45 проценти од рејтингот.

Треба да знаете
Последни објави