Search

Федерер: Невозможно е да се вратам на првото место на АТП листата, но се радувам за Ролан Гарос

Швајцарскиот тенисер, кој е општо познат како еден од најголемите спортисти на сите времиња, веќе знае дека се ближи крајот на неговата кариера. Тој смета дека ќе биде многу тешко да ги стигне Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал на АТП листата, но и понатаму ужива во тенисот.

Федерер рече дека поради годините игра значителни помалку натпревари годишно ама и понатаму има цел да освои што повеќе титули.

„Стар сум и сега играм многу помалку. Скоро е невозможно да се вратам на врвот на АТП листата, но како што истакнав многупати досега, целта ми е да освојам што е можно повеќе титули“, изјави Федерер.

Искусниот тенисер додаде дека сака да игра во Франција и дека за освојување на Ролан Гарос му е потребна добра ждрепка, малку среќа и добра игра во првите натпревари.

„Се надевам дека во Франција ќе играм без притисок. Сакам кога играм во таа земја бидејќи луѓето го разбираат тенисот, а освојувањето на Ролан Гарос ми е еден од најголемите успеси во кариерата“, додаде најдобриот тенисер на сите времиња.

Роџер Федерер падна на шестото место на АТП листата откако не успеа да ја одбрани титулата на Австралија Опен, а наредниот турнир на кој ќе учествува е АТП турнирот во Дубаи.

Треба да знаете
Последни објави