Search

Федерер најмногу заработил изминатава година меѓу спортистите

Магазинот „Форбс“ објави листа на активни спортисти кои заработиле најмногу во изминативе 12 месеци, а на прво место е швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, кој ги претрка фудбалерите Лајонел Меси и Кристијано Роналдо.

Федерер (38) се искачи четири места откако заработи 86,2 милиони фунти (106,3 милиони долари) во изминатата година, од кои приближно 81 милиони фунти се спонзорства, пренесува британски „Би-би-си“.

Следуваат Роналдо (85 милиони фунти), Меси (84 милиони фунти) и Нејмар (77,5 милиони фунти), додека американскиот кошаркар Леброн Џејмс (71,5 милиони фунти) ги комплетира првите пет.

Светскот шапмион во „Формула 1“ Луис Хамилтон е 13ти со заработка од 43.7 милиони фунти.

„Бизнис инсајдер“ неодамна објави дека дваесеткратниот гренд-слем шампион Роџер Федерер пред крајот на 2020 ќе влезе во клубот милијардери спортисти во кој се Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Флојд Мејведер.

Треба да знаете
Последни објави