Search

Федерер има намера да игра на Австралија опен

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го заврши закрепнувањето од две операции на повреденото колено и ги започнува подготовките за следната сезона.

Триесет и деветгодишниот Федерер ова го соопшти во интервју за швајцарскиот магазин „Schweizer Illustrierte”.

-Јас сум на вистинскиот пат. Постепено ја враќам формата, но не форсирам. Ќе се вратам на мечевите само ако сум сто проценти подготвен. Во моментов мислам дека ќе бидам во таква форма за Австралија опен во јануари 2021 година, кажа сопственикот на 20 титули од Грен слем турнирите.

Федерер не учествуваше на натпревари од февруари годинава, паузирајќи од здравствени причини.

Треба да знаете
Последни објави